• Fri. Nov 22nd, 2024

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

ByВане Трајков

Apr 23, 2021

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе Решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *