• Sat. Nov 23rd, 2024

Привремено прекината потрагата по телото на рибарот во Дојранското Езеро

Ѓорги Атанасов заминал на риболов во петокот попладне. Со чамецот испловил околу 16 часот, а еден час подоцна жителите од крајезерските куќи го слушнале како повикува помош. Поради темнината, луѓето кои притрчале да му помогнат, не успеале навреме да го лоцираат. оттогаш се трагаше по него, а во понеделникот е пронајден чамецот и мрежата. Вчера потрагата беше прекината, но повторно ќе продолжи откако ќе се изврши снимање на теренот каде што се пронајдени чамецот и мрежата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *