Вчера попладне во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 25-годишниот А.М. од Струмица и 33-годишниот Џ.Д. од Кавадарци, извести МВР.
– Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.