На 18.01.2023 во 10.45 часот Оперативен тим – потраги на ул.„Черења“ во Штип го лиши од слобода С.Д.(31) од Струмица, осуден на казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци, поради сторени кривични дела по член 235 и чл.236 од Кривичниот законик.
За него била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Штип, со која се бара за доиздржување 5 години 8 месеци и 5 дена. Лицето ќе биде спроведено во Затвор Штип за доиздржување на казната