• Thu. Nov 21st, 2024

Приведен струмичанец за извршени четири тешки кражби

На 08.06.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.