Синоќа во парк во Валандово, полициски службеници од Полициска станица Валандово го лишиле од слобода Љ.Б.(46) од с.Костурино. Според информацијата од МВР лицето од Костурино околу 19.05 часот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што физички нападнал еден од нив.
Според информацијата од полицијата, по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.