На 3.3.2024 во 01:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и А.К.(21), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.