• Sat. Nov 23rd, 2024

Приведени малолетни крадци од Струмица и Скопје, признале три кривични дела

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

На 26.09.2023, по преземени мерки и по распишана телеграма, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле.

Тие се сомничат дека во периодот од 04.09. до 26.09.2023 извршиле неколку кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Карпош.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела и тоа на 04.09.2023 на ул.„Никола Парапунов“ извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26.09.2023 извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава.

By Ѓ. K.