Претставници на тимот којшто го организира најмасовниот спортски настан „Струмица на улица“ денеска беа гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов.
Се разговараше за последното успешно издание на оваа манифестација и нејзината иднина, со желба да живее и да стане традиционална, бидејќи носи силна порака дека трчањето е здрава навика во животот.
Тие се заблагодарија за севкупната поддршка, а посебно за тоа што Општина Струмица беше единствен покровител на настанот „Струмица на улица“.