Македонскиот Народен Театар (МНТ) од Скопје на 18 октомври (среда) од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе ја изведе претставата „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов – Дац и Јордан Симонов.
Играат: таткото Доксе – Александар Микиќ, мајката Грациела – Тања Кочовска, ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска Трифуновска, Тоше – Ивица Димитријевиќ.
Влезниците може да се купат на благајната во НУЦК „Антон Панов“ и во: The Public, Bu Coffee-To Go и Bu Coffee House.