Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите. Шефот на државата се оечкува да информира и за нова лидерска средба, и дали ќе има состанок на Советот за безбедност кој треба да се произнесе за вонредната состојба.
Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со коронакризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота.