• Fri. Nov 22nd, 2024

Претседателот Пендаровски го прими командантот на КФОР генерал-мајор Франко Федеричи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на КФОР генерал-мајор Франко Федеричи, којшто престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Со цел ефикасно справување со безбедносните предизвици во регионот, на средбата беше потврдена подготвеноста за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес.

Соговорниците разменија мислења за заедничките активности со силите на КФОР и за активностите и ангажманот на првиот армиски контингент којшто минатиот месец беше упатен во главната команда на мисијата и во командата на КФОР – „Запад“, во Косово.

„Како полноправна членка на НАТО, ќе го продолжиме нашето учество во мировните мисии предводени од НАТО, Европската унија и од Обединетите нации. Нашата Армијата ќе продолжи да придонесува кон глобалната безбедност, мирот и стабилноста“, подвлече претседателот Пендаровски на средбата со командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *