Се очекува денеска Талат Џафери да ја разгледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија.Според официјалните информации на Кабинетот на Џафери тие велат дека тој ќе биде на работа денес и дека тие ќе информираат се во врска со неговата одлука за иницијативата.Доколку тој ја прифати тогаш таа ќе треба да се проследи до Законодавно-правната комисија и матичната комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена, согласно член 191 став 2 од Деловникот на Собранието.
Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела.
Ако тој утврди дека не е уредна тогаш прашањето во врска со иницијатуивата се става на дневен ред на првата седница на Собранието, каде Собранието со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна.Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена. Ова е предвидено во Деловникот за работа на Собранието.
Во јавноста веќе се појавија информации дека можеби Џафери нема да ја прифати иницијативата, и обвинувања од опозицијата дека зад тоа ќе стојат владејачките партии.
Во медиумите беше објавена фотографија од документот на иницијативата доставен до Собранието, на која се гледа дека таа се доставува до претседателот на Собранието Талат Џафери, без да се наведе „на Република Северна Македонија“.Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на прашање во врска со процедурата за поднесување на иницијативата во Собранието, рече дека доколку сметаат дека е пречка, ќе ја корегираат.