• Sun. Nov 24th, 2024

Претседателот Иванов вечерва ќе приреди прием на дипломатскиот кор во Гевгелија, а утре ќе присуствуваат на осветување на водите на Дојранското Езеро и положување на Светиот крст

Претседателот Ѓорге Иванов вечер во Гевгелија ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во државава.
На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот по повод новогодишните и божикните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.
Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор утре, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во Нов Дојран ќе присуствуваат на црковниот чин – осветување на водите на Дојранското Езеро и положување на Светиот крст.
Традиционалниот прием по повод новогодишните и божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово, соопшти кабинетот на Иванов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *