Денеска (13.10.2023) полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Ш.(42) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, исушени стебла од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, додека при претресот во дворното место биле пронајдени и одземени 29 засадени стебла од растението канабис.
Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.