• Fri. Nov 22nd, 2024

Преполовен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Гевгелија

Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија на денешната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е поволна. Бројот на новозаболените од КOВИД-19 е во драстично опаѓање, додека значително е зголемен бројот на оздравени пациенти. Според информациите од Општата болница и Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, преполовен е и бројот на пациентите на дневен и хоспитализиран третман.

            Доколку до неодамна во Дневниот КОВИД-центар имало и по 50-60 пациенти на дневен третман, а на хоспитализиран третман 18 пациенти, во текот на денешниот ден во Дневниот КОВИД-центар на дневен третман имало само 10 пациенти. Додека на хоспитализираниот дел на Интерното одделение во Општата болница кое располага со 22 легла, има само 9 пациенти од КOВИД- 19.

            Општинскиот штаб очекува ваквата тенденција да продолжи, се разбира, со почитување на заштитните мерки од страна на граѓаните и сите правни субјекти. Особено, во пресрет на претстојните верски и традиционални празници.

            Врз основа на информациите на ОВР- Гевгелија и Државниот пазарен инспекторат- ПЕ Гевгелија, Општинскиот штаб констатира дека за време на новогодишните и божиќните празници не се забележани, а и немало пријави за групни прослави и собирања. Тоа несомнено зборува дека поголемиот дел од граѓаните одговорно се однесувале кон препораките имерките на Владата на РСМ и Општинскиот штаб за заштита и спасување.

            Според информациите од Гевгелиското Архиериско намесништво, манифестацијата по повод Водици, со фрлање на крст во реката Вардар, согласно насоките од МПЦ, годинава се одлага поради пандемијата, како и водосветот по домаќинствата. Празникот ќе биде одбележан со редовните црковни боголужби на Водици, согласно протоколите и заштитните мерки.

            И покрај тоа, Општинскиот штаб им препорачува на граѓаните, правните субјекти и верски заедници доследно да ги применуваат мерките со кои се забранува организирање и одржување на прослави на јавни места и површини по повод верските и традиционалните празници.

            Истовремено, останува да важи забраната за палењето на малски огнови по повод Сурва.

            Општинскиот штаб апелираше до сите надлежни државни и општински органи да продолжат со контролата околу примената на новите мерки за забрана на прослави, ограниченото работно време на угостителските објекти до 18 часот, како и другите мерки и препораки за заштита од Корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *