Струмичкиот театар има нова претстава. Вечерва пред струмичани ќе се одигра премиерата на претставата „Стаклена менажерија“ по текстот на американскиот драмски писател Тенеси Вилијамс.
Во претставата играат четворица актери. Велат дека спојот на искуство и младост и желбата за работа и докажување е тоа што ги прави силни во намерата да ги оживеат своите ликови и да ги направат допадливи за публиката.
Директорот Ванчо Ристов Патриков вели дека до крајот на 2018 ќе имаат уште три премиери.
Во својот опис на претставата драматургот Ацо Гогов вели дека претставата „Стаклена менажерија“ е обид за пронаоѓање на точката на вкрстување помеѓу сировоста на реалното и чудесноста на замислените и посакуваните светови.
Премиерата е од 20.00 часот.