• Fri. Nov 22nd, 2024

Презентирана интернет-платформата за директна комуникација помеѓу локалните земјоделци

Денеска, ФЛОРИТ ја одржа обуката на тема „Локалните системи на храна, предности и можности“,

во рамките на проектот „Избери здраво-купувај локално“, одобрен за реализација од страна на Мрежата за рурален развој, а финансиран од шведската организација „We Effect”. Oбуката се одржа во Малата сала на Народниот театар, а присуствуваа земјоделци од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран.

            На земјоделците им беше презентирана интернет-платформата која е креирана за директна комуникација помеѓу земјоделците од овие општини, но и за заинтересираните земјоделски производители. Другата цел на оваа платформа е зголемување на довербата и партнерството меѓу производителот и потрошувачот.

            – Идејата е да се поврзат луѓето, да се поттикне локалниот развој во руралните средини и да се минимизира бројот на врски (линкови), односно посредници при продажбата за да се направи одржлив систем на храна изграден преку партнерство, што е еден од принципите на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој, исткана раководителот на ФЛОРИТ, Ристо Атанасовски.

            Ваквиот проект се реализира како резултат на најновите случувања на глобално ниво кои наметнаа потреба за приоритизирање и поддршка на секторите во нашиот регион, а се под удар на пандемијата со COVID – 19 вирусот. Бидејќи, земјоделството и производството на храна во овој регион е секторот што со години беше двигател на локалната економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *