• Sat. Nov 23rd, 2024

Предупредувачки протест на професионалните војници

ByВане Трајков

May 23, 2022

Последно што сакаме е како армија да бидеме во шатори пред владата. Ќе дадеме можност од една недела да се изнајде решение, велат од Независниот синдикат од каде бараат државата да обезбеди ангажман за професионалните војници во соодветни институции после нивната служба во армијата

Една недела рок за исполнување на нивните барања оставија професионалните војници кои денеска одржаа предупредувачки протест пред Владата. Намерата да постават шатори пред владината зграда ја одложија за седум дена.

Тие бараат да им се овозможи после професионалната служба во Армијата, полесно да се префрлат во други соодветни институции. Сметаат дека нивна најсоодветна позиција после армиското пензионирање е граничната полицијата.

извор и фото : https://mk.voanews.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *