Горди, среќни, но и по малку исплашени. Идните студенти го направија првиот чекор кон животната определба. Денеска почна првиот академски час за околу 300 бруцоши на Универзитетот „Гоце Делчев„ наставен центар Струмица. Ги добија и своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа.
Според професор Лилјана Колева-Гудева, бројот на студентите запишани на Универзитетот„ Гоце Делчев“- Штип, годинава е намален во однос на претходните години. Најголем интерес има за Медицинскиот факултет и Факултетот за бизнис и логистика. Во Струмица пак интересот е најголем за Правниот, Економскиот, Земјоделскиот и Машинскиот факултет.
На ниво на цел универзитет, академската година почна за 2700 нови студенти.