Првите изјави на земјоделците од струмичко заинтересирани за консолидација на земјоделското земјиште пристигнатио во министерството за земјоделство.Уште 12 нови села се избрани за продолжување на консолидацијата, односно за прегрупирање и окрупнување на земјоделските парцели.
Проектот кој што финансиски е поддржан од Европската унија во вредност од 2,5 милиони евра, го спроведува Светската организација за храна и ќе трае до 2020 година.Проектот за консолидацијата има за цел решавање на проблемите со малите и расфрлани површини на зелјоделците.
Селата се избрани според големината и расцепканоста на земјиштето, присуство на повеќе годишни култури и градежни објекти и интересот на земјоделците да се вклучат во процесот. Следниот чекот е објавување на тендер за изработка на студуја за спроведување на проектот за консолидација на земјоделско земјиште.