Пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој преку видео порака истакна дека светот мора да учи од Ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.
„ Предолго светот оперираше во циклусот на паника и занемеравувања Фрламе пари на една епидемија и кога таа ќе заврши, забораваме на неа и не правиме ништо да спречиме следна“ предупреди тој.
Предупредувањето од шефот на СЗО следи откако првите дози на вакцините на „Фајзер-БионТех“ против корона-вирус стигнаа во земјите на Европската Унија, а првите случаи на вакцинација се објавени во саботата.