• Sat. Nov 23rd, 2024

Празникот на Христовото вознесение-Спасовден беше одбележан во црквата „Св.Спас“ во Гевгелија

Празникот на Христовото вознесение-Спасовден
беше одбележан во црквата „Св.Спас“ во Гевгелија со црковна богослужба, на која присуствуваа голем број граѓани, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. Месните свештеници за време на богослужбата посебно зборуваа за значењето на овој ден. Имено, четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. 
Христово Вознесение – Спасовден е и патронен празник на градот Гевгелија. По тој повод, градоначаникот Сашо Поцков на крајот од богослужбата принесе погача, која беше осветена од свештениците, и посветена за здравје, мир и благодет на сите граѓани на општина Гевгелија. Убаво е да се негуваат ваквите традиции, особено, кога се работи за патронен празник на нашиот роден крај. И во оваа прилика сакам да им порачам на православните верници, но и на сите граѓани на општина Гевгелија дека со духовно обединување полесно ќе стигнеме до зацртаните цели, а тоа се здравје, меѓусебно почитување и подобрување на животот на сите граѓани, порача Поцков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *