Фудбалерите на Академија Пандев забележаа победа во првиот бараж дуел за пласман во Втората лига. Попладнево во Кочани го совладаа кумановски Гоблен со резултат од 2:1. Двата гола за пандевци ги постигна Зоран Златески. Второлигашкиот статус треба да го заверат во недела кога се игра вториот Бараж натпревар со Гоблен но според прикажаната игра, Академијата е на еден чекор до посакуваната Втора лига
По денешните бараж натпревари, до второлигашки статус близу е и Хоризонт Турново кој во Скопје изгуби од Пелистер со 2:1. Резултатот не е реален одраз на играта бидејки битолчани и двата погодока ги реализираа од пенал . За турновчани голот го постигна Сашко Пандев. Турновци немаат намера да го предадат прволигашкиот статус и во вториот бараж најавуваат убедлива победа.