• Sat. Nov 23rd, 2024

По пожарот се зголеми популарноста на „Ѕвонарот на Богородичната црква“

По страшниот пожар што го зафати покривот на познатата катедрала Нотр Дам во Париз, книгата на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква” се најде на врвот на листата на бестселери на „Амазон“ во Франција.

Евтиното џебно издание на романот од 1831 година, кое во францускиот оригинал има наслов „Notre-Dame de Paris“, беше најпродавано во средата од страна на „Амазон“.

Четирите други изданија се исто така во првите 10, како и книгата за архитектура и историја на катедралата од група академици и свештеници.

Романот на Иго раскажува за грбавиот ѕвонар на Богородичната црква Квазимодо и неговата љубов кон циганската убавица Есмералда.

Оваа книга помогна да се поттикне нов интерес за катедралата, што предизвика голема кампања за реконструкција која започна во 1844 година.

Кулата што се урна во пламенот во понеделникот вечерта датира од таа реставрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *