По повод одбележување на Недела на италијанска кујна – Settimana della cucina italiana, на 23 ноември во хотел Вила Парк ќе се одржи италијанска вечер “La magia della cucina italiana”.
Во знакот на годинешната Кандидатура на италијанската кујна за нематеријално богатство на Унеско гостин на вечерта ќе биде Мастер пица шеф Џовани Маскари.
Посебен вкус на италијанската вечер ќе додадат учениците од угостителската струка во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица со нивната менторка Шеф Ивана Петров Ѓоргиева. Тие ќе му асистираат на Маскари, кој ќе одржи и Мастер клас за подготовка на Суши пица карбонара.
Настанот е во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура Quo Vadis Ad Astra, а во соработка и поддржан од: Ambasciata d’Italia in Skopje, ОпштинаСтрумица, Confindustria Macedonia del Nord, Fratelli PanzaMascari, Giovanni Pizza Chef Пивара Скопје / Pivara Skopje, Bottega Del Gusto Skopje.