Некои деца за првпат видоа снег во најголемиот јужноафрикански град Јоханесбург. Последен пат во овој град веело снег во 2012 година, а метеоролозите најавуваат дека екстремно студеното време ќе продолжи.
Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.
Од понеделникот паѓа снег и во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.