• Sat. Nov 23rd, 2024

По вчерашниот пожар на Златарево:Се пропуштаат само патнички возила, товарниот сообраќај во прекин.

На граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.

Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево.

И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.

Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета. Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *