Вечерва од 20 часот во Босилово почнува манифестацијата Културно лето. Во следните денови до крајот на август жителите на Босилово и околните населени места, како и другите гости ќе може да погледнат богата културно уметничка програма, вели градоначалникот Ристо Манчев.
Во соработка со КУД „Гоце Делчев“, манифестациајта треба да придонесе кон заживување на оваа рурална општина во време кога се враќаат иселениците во родниот крај.