• Fri. Nov 22nd, 2024

Почна 17.Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија

14 ликовни уметници од Франција, Германија, Бугарија, Србија, Грција, САД и домаќинот Македонија се дел од 17та Меѓународна ликовна колонија. Десетина дена сликарите ќе изработуваат дела по сопствен избор инспирирани од богатото и живописно гевгелиско поднебје кои по затворањето на колонијата преку изложба ќе и бидат презентирани на публиката, информира директорот на фондацијата, Аце Ристовски.
– Годинава, како и лани, учесниците на колонијата изразија желба три дена да престојуваат во планинското село Ума каде ќе работат на обновување на иконостасот на црквата „Свети Пантелејмон“ за која ќе изработат и една фреска. Останатите создадени дела на колонијата, по завршувањето на изложбата, остануваат во сопственост на фондацијата и ќе бидат дел од богатиот фонд на слики создавани од почетокот на колонијата до денес, рече Ристовски.
Уметнички селектор на колонијата „Аполонија 2018“ е гевгелискиот академски сликар Драги Хаџи-Николов, а покрај него нашата земја ја претставуваат сликарите Ниче Василев, Павле Кузмановски,  Трајко Јовановски, Александар Јовановски, Славица Михаилова и Фиљо Танов. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *