Во рок од четири до пет месеци во зависност од временските услови треба да се уреди булеварот Првомајска во Валандово на влезот од Струмица. Деновиве градежната фирма Пешо Инженеринг ги почна со земјените работи по што ќе пристапи на бетонските, метало браварските но и работите за електрика и осветлување. Станува збор за уредување на потег од околу 400 метри при што ќе бидат поставени тротоари, јавни зелени површини, патокази, клупи за одмор и друга урбана опрема а целиот тој простор ќе биде и осветлен. Градоначалникот на Валандово најавува уредување на булеварот и на излезто односно кај Здравствен дом