• Sat. Nov 23rd, 2024

Почна пријавувањето за субвенции за ПВЦ столарија и соларни панели

Од денеска, па до 31 август трае пријавувањето за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци и за купени и вградени сончеви термални колекторски системи, две мерки од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година.

Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ информриаат од министерството за економија. Така, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година, обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари.

Во однос на мерката која предвидува надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2018 година, која се спроведува по деветти пат, буџетот изнесува 6 милиони денари. Условите остануваат исти како и претходните години, односно се надоместуваат до 30% од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.

 

Кандидатите за да добијат субвенции треба досега да не ги искористиле ваквите повици што ги распишува министерството за економија. Во програмата со вкупен буџет од 50 милиони денари, искористени се средствата за третата мерка- надомест за купени печки на пелети во домаќинствата. Кон средината на март, ресорното министерство ја објави листата на која стојат 22ца жители на Југоситокот. Петмина струмичани, 6мина радовипшани, 7 жители на Гевгелија, еден на Дојран и тројца на Валандово добиле надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50 %, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година.

Барањата по преостанатите две мерки,  заедно со потребната документација, треба да се достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот, со назнака за огласот за кој се аплицира.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *