Почнаа градежните работи за изградба на дополнителни трибини на стадионот „Младост“ во Струмица кој треба да биде домаќин на квалификациониот фудбалски дуел Македонија – Албанија во септември . Зад двата гола на стадионот треба да бидат поставен дополнителни трибини за посетители со што ќе биде исполнет минимумот што го препорачува УЕФА
Градежна механизација веќе го расчистува просторот и го подготвува за поставување на монтажни трибни според стандардите на УЕФА.
На стадионот Младост настапуваа Вардар во квалификациите за ЛШ, Шкендија и Пелистер, кои ги бранеа боите на нашата земја во квалификациите за ЛЕ.
По се изгледа ќе игра и македонската репрезентација, која би требало да ја пречека Албанија на стадионот во Струмица во квалификациите за Мундијалот наредната година.