Министерто за земјоделие Николовски најави дека денеска попладне и утре на сметките на тутунопроизводителите ќе легнаат околу 25 милиони евра на име субвенции. Според него отстранети биле пречките за исплата
,,Уште од првиот ден од доаѓањето во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, работиме на деблокирање на исплатата на субвенциите за тутунот, пари кои тутунопроизводителите ги чекаат долго време. По речиси еден месец, успеавме да ги отстраниме сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Со задоволство, Ве известувам дека од денеска почнува исплатата на субвенциите за производитлите на тутун. Во Министерството за финансии се пристигнати сите налози за исплата на субвенциите за тутунот во износ од речиси 1.5 милијарди денари или близу 25 милиони евра, со што комплетно ќе бидат исплатени сите тутунопроизводители. Земјоделците денеска во попладневните часови и утре во текот на целиот ден ќе можат да си ги подигнат парите од банките. Изминативе недели направивме напори за да се деблокира исплатата и да се отстранат сите пречки,, рече Николовски.