Започнаа активностите за изградба на детска градинка со капацитет за згрижување на 55 дечиња во населеното место Ангелци. Комплетната изградба со комплетно внатрешно опремување треба да заврши во рок од 16 месеци. Средствата за изградба се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Владата на РСМ во висина од околу 14.000.000 денари.