Почнаа изведбените работи за изградба на фекален и атмосферски канализационен систем во населеното место Градско Балдовци општина Струмица. Прокетот е на општината додека средствата се обезбедени од Миниситерството за транспорт и врски. Како што кажа градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реализација на овој проект се решава едно од барањата на жителите од ова населенот место што било и негово предизборно ветување. Целиот проект ќини околу 85 милиони денари а се предвидени околу 9 километри фекална и атмосферска канализација.
,,Отпадните води од домаќинствата и производствените погони преку 5 главни колектори ќе завршуваат во пречистителната станица, а атмосфесрските води преку 8 колектори ќе се спроведуваат до реципиентот – река Тркања. Изградбата на дел од колекторот „Муртино – Сачево – пречистителна станица“ е наша обврска, а останатото ќе биде производ на одличната соработка со Министерството за транспорт и врски,, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.