• Fri. Nov 22nd, 2024

Почна етапната исплата на пензиите

ByВане Трајков

Apr 27, 2020

Во банките почна да се врши етапна исплата на пензиите, според висината на пензијата.

Денеска се исплатуваат пензиите до 11.000 денари, а за пензиите до 14.000 денари, исплата е утре.

Пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени в среда, а пензиите повисоки од 18.001 денар ќе се исплаќаат в четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Истотака, пензиите можат да се подигнат и на банкоматите во банките.

Етапната исплата е дел од мерките за коронавирусот, а со цел да се избегнат гужвите пред банките

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *