Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник со долгогодишен стаж во Собранието.
Завршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово.
Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.