• Sun. Nov 24th, 2024

Потпишан договорот за изградба на локалниот пат од мостот на Смиљанска Река до центарот на Смиљанци

Општина Радовиш во соработка со канцеларијата на Светска Банка во РСМ, потпишаа договор со фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за изградба на патот од мостот на Смиљанска Река до центарот на селото Смиљанци, во вредност од 25,5 милиони денари.

Со градежните активности на трасата во должина од 2,7 километри ќе започне на 5 мај, а се очекува комплетирање до крајот на месец јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *