Ротаркт клуб Прилеп со акција за зачувување на културното наследство и зачувувањето на традицијата во Македонија. За таа цел, овој клуб постави знаци – патокази за спомен – куќата на Блаже Конески во Небрегово, прилепско.
„Блаже Конески е основоположник на македонскиот литературен јазик, а јазикот е најсуштествен елемент на една култура“, се вели во соопштението на Ротари клуб Прилеп.
Блаже Конески е објект т.е. спомен дом кој се наоѓа во прилепското село Небрегово. Овој објект како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура. Оваа куќа родниот дом на великанот на македонската книжевност и литература Блаже Конески. Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Изработен и реализиран е проект за реставрација, конзервација и ревитализација на објектот во 2006 год. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се лоцирани периферно на парцелата. Според проектот, куќата на поетот ќе биде уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена. Оградата и објектите во дворот ќе бидат обновени и ќе го задржат својот автентичен изглед, а дел од собите ќе бидат претворени во музејски простории и места за културни средби. Обновата на куќата ќе чини околу 140.000 евра.