• Sat. Nov 23rd, 2024

Поставена е антипаркинг опрема на сите влезови на градскиот плоштад за ограничена достава на стока

ByDimitar Micev

Jun 8, 2017

Екипи на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, денеска, поставија антипаркинг опрема на сите влезови на плоштадот „Гоце Делчев“. Целта е да се спречи зачестената злоупотреба на пристапните влезови и да се ограничи движењето на моторните возила кои во последно време предизвикаа сериозни оштетувања на гранитните плочки на плоштадот.
Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ ги информираат сопствениците на трговските и угостителските објекти дека доставувањето на стока за нивните потреби ќе може да се врши претпладне во периодот од 6 до 10 часот и попладне од 16 до 19 часот. Од таму додаваат дека во случај на итна интервенција, клучеви од антипаркинг опремата се доставени и до Секторот за внатрешни работи во Струмица, Територијалната професионална противпожарна единца и Брзата помош и тоа на два влеза, на улицата „Благој Јанков Мучето“ кај ПроКредит банка и на улицата „Јосиф Јосифовски Свештарот“ пред кафетеријата Маф Маф.
Се апелира до сопствениците на трговските и угостителските објекти да го почитуваат временскиот рок за достава на стока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *