• Fri. Nov 22nd, 2024

После,Мекдоналдс, Старбакс и Кока Кола, се повече и Хајникен од Русија

После,Мекдоналдс, Старбакс и Кока Кола, се повече и Хајникен од Русија

„Хајнекен” епоследниот од низата  големи светски брендови што  ја прекинува продажбата  во Русија.

Холандскиот производител на пиво соопшти дека ја запира продажбата, производството, како и рекламирањето на „Хајнекен” во таа држава.

Во денешното соопштение се наведува дека „ги проценува стратешките опции за иднината на нашите руски операции”.

„Гледаме јасна разлика, меѓу постапките на Владата и на нашите вработени во Русија. Повеќе од 20 години, нашите локални вработени се ценети членови на нашиот бизнис. Поддршката на нашите вработени и нивните семејства, е јасен принцип, додека го дефинираме патот напред”, пишува во соопштението.

„Хајнекен” информираше и дека ќе ги засили поддршката и донациите за невладини организации, што оперираат во Полска, Унгарија, Романија, Словачка.

Претходно, Мекдоналдс и Старбакс соопштија дека ги затвораат нивните ресторани и кафулиња во Русија, а Кока-Кола, исто така, ги одложува операциите во земјата, како одговор на руската инвазија врз Украина. ПепсиКо повлекува дел од производите од Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *