Цената за струјата во домаќинствата се зголемува за 7.4 отсто.
Од идниот месец еден киловат наместо 5.54 денари ќе чини околу 5.9 денари за висока, а старите 2.78 за ниска тарифа се зголемуваат на 2.9 денари.
„Свесни сме дека со оваа одлука ќе влијаеме кон сите крајни потрошувачи, но зголемувањето беше неопходно. Месечните сметки во просек ќе зголемат за околу 100 денари,“ рече директорот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Од Регулаторната комисија за енергетика неодамна рекоа дека сите енергетски компании во државата поднеле барање за зголемување на цената на електричната енергија. Имале поголеми трошоци, но намалена потрошувачка. Тука ги потенцираат и проблемите со ликвидноста кои беа предизвикани од кризата ковид-19.
Користењето на ефтината тарифа останува во ист период како и досега.