• Fri. Nov 22nd, 2024

Поскапуваат бензините и дизелот

ByВане Трајков

Aug 22, 2022

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетикаи водни услуги, од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати.

Дизелот поскапува за 1,5 денари и ќе чини 93,5 денари, а бензинот поскапува за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,686 ден/кг

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *