Во 2017 година во однос на 2016 процентот на зголемување на државно ниво изнесува 16,6%, а дури 23,5% е зголемен кај странските гости.
Гостите од Бугарија и од Грција се најбројните кои го посетуваат југоистокот, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Во очекување на деклемвриските анализи, во ноември 2017 година, Струмица ја посетиле 324 Бугари, а Дојран 46. Само во ноември, во Струмица имало 2.131 гостин, од кои 1.532 домашни. Во Дојран пак, тој месец одморале 507 туристи од кои 306 домашни.
Токму оваа релација на најпосетеност од источните соседи, овозможува Струмица и југосточниот регион да ги развиваат мрежите за туристичка соработка и понуда на двете страни од границата.
Особеностите на руралниот туризам и неговите специфики го прават југоистокот примамливо место за гости. Обединувањето на сета таа понуда во една платформа со почитување на меѓународните стандарди е чекор поблиску до зголемување на атрактивноста на поднебјето.
Во Струмица, на второ место се гостите од Србија, Грција, а во ноември имало и туристи од Косово, Турција, Русија, Полска, Унгарија, Шпанија. Одржувањето на Струмичкиот карневал неделава ќе го зголеми и туристичкиот рејтинг на градот, каде сите хотелски капацитети се резервирани до последно место.