Поплавени домови, блокирани патишта од обичните врнежи во општина Ново Село
Општината ангажирала и механизација за чистење од приватни и правни лица за побрзо да се стават во функција локалните патишта. Градоначалникот Божинов апелираше да не се користи патот Колешино-Бориево бидејќи се отворила голема дупка пред мостот и е ризичен за сообраќај, а во текот на денот се очекува да се исчистат сите патишта.