• Fri. Nov 22nd, 2024

Пол Гоген и Жак Брел заедно во вечноста на средина на Тихи Океан

260px-Paul_Gauguin_1891

 

Ежен Анри Пол Гоген  ( Париз, 7. јун 1848 — Атуон, 8. мај 1903), постимпресионист.

Разочаран од неуспехот дома и финансиски изнемоштен заминува да го најде својот рај во Француска Полинезија.

Првпат престојува на Тахити 1891 ,а 1895 засекогаш се преселува посетувајки ја Франција само уште еднаш во животот.

Додека престојувал во Тахити 1895 г. Гоген го негувал својот план да се пресели на Маркезките острови откако видел колекција на комплексно оформени чаши и оружје со потекло од Маркезките Острови.

mark

Од сите острови во Француска Полинезија, Маркезките биле најмногу погодени од западните болести (особено туберкулозата), од 80 000 жители во 18 век се намалил на само 4000 жители. Француската колонијална власт била позната по својата злоба и глупост. Западните и кинеските трговци брутално го експлоатирале домородното население.

Paul_Gauguin,_Nafea_Faa_Ipoipo-_1892,_oil_on_canvas,_101_x_77_cm

Делото „Nafea Faa Ipoipo(Кога ќе се омажиш) , две девојки од Тахити, стана најскапото уметничко дело во светот , откако сликата беше продадена за 300 милиони долари.

Oviri_on_the_Tomb_of_Gauguin

Умира 1903 г., погребан на островот Хива-Оа , Маркизки Острови , Француска Полинезија.

———-

 220px-Marquesas-administrative

 

72 години подоцна во Ноември 1975 година Жак Брел патувајки со неговата јахта Аској II  пристигнува во заливот Атоун, островот Хива-Оа. И тука останува.

 

zak vrel

Жак Брел (8 Април 1929 – 9 Октомври 1978) е белгиски шансониер , актер , текстописец.

Во 1953 ја снима првата плоча во Брисел, а потоа заминува во Париз каде гради кариера посветувајки се на искрени текстови кои опишуваат вистински случки и вистински личности.

Во следниот 10 годишен период се смета дека продал околу 25 милиони синглови и околу 10 милиони ЛП плочи. За негов најголем хит се смета „Ne Me Quitte Pas“ -„Не ме напуштај“ .

Се претпоставува дека е снимена во преку 400 верзии и препеана на 20-тина јазици (на англиски има неколку препеви од кои најпознат е „If You Go Away“(„Ако си заминеш“), потоа има препеви на фламански, холандски, германски, италијански, шпански, португалски, руски, чешки, арапски, грчки, турски, хрватски (Арсен Дедиќ), и други, како и на македонски во интерпретација на Нина Спирова.

Импозантен е бројот на славни пејачки имиња кои ја снимиле оваа песна: Френк Синатра, Марлен Дитрих, Реј Чарлс, Маиса Матерацу чија верзија е искористена во еден филм на Педро Алмодовар, Барбара Стрејсенд, Вики Леандрос, Џољола Чинквети, Жилиет Греко, Серж Лама, Миреј Матје, Џони Холидеј, Нина Симон, Патриција Кас, Скот Вокер, Мат Монро, Ширли Бeјзи, Том Џонс и уште навистина многу други интерпретатори.

Jacques_Brel_1971_2

Од 1973 г. се повлекува од јавниот живот и се посветува на себе си. Пилотира со својот авион и плови со својата јахта.

brel na voda

По безуспешното интензивно лекување, во 1977 г. кога веќе е тешко болен, во најголема тајност го снима својот последен албум кој достигнува тираж од два милиони копии. Умира на 49 годшна возраст, на 9 октомври 1978 г.

Погребан на островот Хива-Оа , Маркизки Острови , Француска Полинезија, во близина на гробот на славниот француски сликар Пол Гоген.

220px-Atuona_-_Tombe_Jacques_Brel_(4)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *