Списанието за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ што го издава здружението Иван Василевски, го прошири редакцискиот тим со уште еден член. Полската писателка Олга Лалиќ – Кровицка ќе учествува во уредувањето на содржините на списанието што се издава во Струмица.
Покрај Лалиќ – Кровицка во меѓународната редакција членови се и Никола Шимиќ – Тонин од Хрватска, Марија Павловиќ од Србија и Урсула Келер од Австрија, Далибор Плечиќ, Васил Дрвошанов и Сузана Мицева од Македонија. Главен и одговорен уредник е Ана Витанова – Рингачева.
Овие денови излегува третиот број на Зенит, со нова корица со фотографија од изложбата Прага интима на Влатко Деков. Графичката обработка на корицата е на уметникот Ване Костуранов, кој ја дизајнираше и претходната корица на списанието.