Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, завчера вечер во 21:00 часот на улица Панче Пешев во Струмица полициски службеници го фатиле лицето Џ.А. од Струмица при извршување кривично дело тешка кражба во обид во куќа.
Џ.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.