Синоќа во 18.00 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на улица „Шаин маале“ во Радовиш е нарушен јавниот ред и мир со мегусебна тепачка помегу Ш.Ш. (55) и Е.Д. (19) и двајцата од Радовиш. Лицата се лишени од слобода и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавен ред и мир и кривични пријави за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, односно непочитување на полициски час.